За  прв пат, Советот на Општина Карпош одржа онлајн седница, преку интернет платформата „ Zoom“. Тековно, советниците на  четириесеттата седница на Советот на локалната  самоуправа, дискутираа по вкупно осум точки на дневниот ред. Советниците прифатија  донација движни ствари –Даикин пумпи ( систем за греење) на  трајно користење без надмост во вредност од 3.700.000 денари од страна  на  Владата  на Република С.  Македонија, и истите ќе бидат инсталирани во градинката „ Пролет“ во Влае 1.

 

 

Членовите на советот ја изгласаа и одлуката за прифаќање на движни ствари – столарија ( прозорци и врати) на трајно користење без надомест, доделени исто така од Владата на Република С. Македонија,  во вредност од околу 2.100.000 денари , и  ќе бидат употребени во градинката „ Мајски Цвет“ во населбата Тафталиџе 1 . На оваа седница се донесе и  Одлука за измена на распоредот на средствата на буџетот на Општина Карпош, преку буџетски ставки со кои ќе се подобри функционирањето на основните училишта и градинките кои се наоѓаат на територијата на локалната самоуправа.