Здружението на бизнис жени започнува со имплементација на проектот: „Поттикнување на женското претприемништво и зајакнување на постоечкото преку вмрежување и политики за поддршка на жени претприемачи од Општина Карпош“, во соработка со Општина Карпош, како дел од активностите и приоритетите на Локалниот совет за женско претприемништво. Во рамките на проектот ќе се организираат повеќе настани – трибини, панел-дискусии и неформални кафе-дружења – со цел унапредување и поддршка на жените претприемачи од Општина Карпош. За подобра комуникација, мапирање на постоечките ресурси и идентификување на предизвиците со кои се соочуваат жените претприемачи, ќе се креира единствена база на жени претприемачи од Општина Карпош. Ве покануваме да се регистрирате и станете дел од оваа база. Вашите податоци ќе се користат исклучиво за потребите на проектот и за идна соработка со Локалниот совет за женско претприемништво.

 Линк за регистрација: https://docs.google.com/forms/d/1BXANr_E5R1gSQx0AG64DO6LWxC0UEynqiQj4lFllAmA/preview

Повеќе информации на [email protected]