ПОКАНА ЗА СЕДНИЦА НА СОВЕТ НА ОПШТИНА КАРПОШ
- март 24, 2023
- 0
Во четврток (30 март) со почеток во 10 часот ќе се одржи дваесет и петата седница на Советот на Општина Карпош.
Седницата на Советот ќе се одржи во просториите на Универзитетот за туризам и манаџмент Скопје.
За седницата се предлага следниот
ДНЕВЕН РЕД
- Усвојување на Записник од 22ра седница на Советот на Општина Карпош
- Усвојување на Записник од 23та седница на Советот на Општина Карпош
- Усвојување на Записник од 24та (вонредна) седница на Советот на Општина Карпош
- Предлог-Заклучок за усвојување Информација во однос на Извештајот за оценка на перформансите на јавните расходи и финансиската одговорност PEFA Извештај
- Предлог-Урбанистички проект со план за парцелација со препарцелација на ГП 2.366 о ГП 2.367 од ДУП за Градска четврт З 03, опфат помеѓу бул.Партизански одреди, корито на р.Вардар, бул.Македонија и ул.Московска, во КО Карпош-Општина Карпош, изработен од Друштво за проектирање, ревизија и надзор ЗУМ ПРОЕКТ ДОО Скопје
- Предлог-Детален урбанистички план за Градска четврт ССЗ 01, блок 10 од четврт ССЗ 01, Општина Карпош Скопје, изработен од Друштво за трговија и услуги БИЛД УРБАН ДОО Скопје
- Предлог-Одлука за техничка исправка за ГП 3.03.2.358 во Детален урбанистички план за градска четврт З 03-опфат помеѓу бул.Партизански одреди, корито на р.Вардар, бул.Македонија и ул.Московска, плански период 2013-2018, Општина Карпош-Скопје (Одлука бр.08-8826/6 од 3.12.2015 год.)
- Предлог-Одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Карпош за 2023 година
- Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Карпош во областа на детската, социјалната и здравствената заштита за 2023 година
- Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на реони на основните училишта на Општина Карпош
- Предлог-Заклучок за усвојување на Годишната Програма за изменување и дополнување на Годишната програма за работата на Јавна установа општинска детска градинка „Орце Николов“, Општина Карпош – Скопје за 2022/2023 година
- Предлог-Одлука за предавање во употреба и започнување со работа на објектот „Први стапки“ во ЈУОДГ „Орце Николов“
- Предлог-Одлука за поголема транспарентност на јавноста во процесот на носење на Детални урбанистички планови во Општина Карпош
- Предлог-Одлука за пренесување во живо на седниците на Советот на Општина Карпош