Се свикува 11. седница на Советот на Општина Карпош за 27 март 2026 година (петок), со почеток во 14.00 часот.

За седницата се предлага следниот

                                                                                                                                                                  

ДНЕВЕН РЕД

  • Усвојување записник од седница

 

  1. Предлог-Одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Карпош и Град Скопје за изградба на новопроектирана секундарна улична мрежа за дел од сервисна улица: „Д“ и дел од сервисна улица „А“ (ул.Скупи-3) -н.м. Злокуќани, Општина Карпош
  2. Предлог-Решение за давање согласност на Одлуката за формирање на групи со поголем односно помал број на деца од законски предвидениот број на деца во групите во jавната установа општинска детска градинка „Мајски Цвет“ Карпош-Скопје
  3. Предлог-Решение за давање согласност на Одлуката за формирање на групи со поголем односно помал број на деца од законски предвидениот број на деца во групите во jавната установа општинска детска градинка „Орце Николов“ Карпош-Скопје
  4. Предлог-Решение за давање согласност на Одлуката за формирање на групи со поголем односно помал број на деца од законски предвидениот број на деца во групите во jавната установа општинска детска градинка „Пролет“ Карпош-Скопје
  5. Предлог-Решение за давање согласност на Одлуката за формирање на групи со поголем односно помал број на деца од законски предвидениот број на деца во групите во jавната установа општинска детска градинка „Распеана Младост“ Карпош-Скопје
  6. Предлог-Решение за изменување и дополнување на Решението за разрешување и именување член во Управниот одбор на Јавната установа општинска детска градинка „Распеана Младост“, Општина Карпош-Скопје
  7. Предлог-Правилник за методологија за утврдување на критериуми за распределба на  блок дотациии наменети за Јавните установи општински детски градинки на подрачјето на Општина Карпош за 2026 година
  8. Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Карпош во областа на образованието за 2026 година
  9. Предлог-Одлука за одобрување на финансиски средства како финансиска поддршка за реализација на проект на општинското основно училиште„Владо Тасевски“, Општина Карпош – Скопје за меѓународна ученичка размена со партнерско училиште Gesamtschule Duisburg од Дуисбург, Република Германија
  10. Предлог-Одлука за усвојување на План за заштита и спасување на подрачје на Општина Карпош (+презентација)
  11. Предлог-Правилник за заштита од пожари и експлозии

 

Седницата на Советот ќе се одржи во просториите на Општина Карпош (сала за совет).

 

Телефон за контакт – 070/410-631