Се свикува шеесет и петта седница на Советот на Општина Карпош за 15 мај 2025 година (четврток), со почеток во 10.00 часот.

За седницата се предлага следниот                                                                                       

 

ДНЕВЕН РЕД

 

  • Усвојување записник од 64. седница на Советот на Општина Карпош

 

  1. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Карпош во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на Општина Карпош за 2025 година
  2. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Карпош во областа на информатичката технологија за 2025 година
  3. Предлог – Заклучок за усвојување на Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Карпош за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2025 година до 31.03.2025 година
  4. Предлог – Одлука за донесување на Детален урбанистички план за Градска четврт З 09 (опфат помеѓу бул. Партизански одреди, ул. Франклин Рузвелт, бул.Митрополит Теодосиј Гологанов и бул. 8-ми Септември), Општина Карпош – Скопје
  5. Предлог – Заклучок за задолжување на Секторот за урбанизам во врска со стручниот елаборат за суспензија на делови од Детален урбанистички план за Градска четврт З 09 (опфат помеѓу бул. Партизански одреди, ул. Франклин Рузвелт, бул.Митрополит Теодосиј Гологанов и бул. 8-ми Септември), Општина Карпош – Скопје
  6. Предлог – План за изменување и дополнување на План на програми за развој на Општина Карпош за 2025-2035 година
  7. Предлог – Одлука за давање согласност за промена на корисникот на електрично броило од корисник Општина Карпош на корисник Град Скопје
  8. Предлог – Одлука за наградување на професори – тренери и индивидуално прогласени ученици спортисти во училишните спортски игри Карпош 2025
  9. Предлог – Одлука за наградување со меѓународна повеќедневна екскурзија на училишните спортски екипи и индивидуално прогласени ученици спортисти за постигнат успех во училишните спортски игри Карпош 2025
  10. Предлог – Правилник за еднократна финансиска поддршка за спорт и рекреација
  11. Предлог – Правилник за финансиска поддршка на спортски клубови од подрачјето на Општина Карпош – Скопје
  12. Предлог – Одлука за давање согласност за користење на Сала повеќенаменска – дел од спортска сала „Наум Наумовски Борче“ – Партизан, Скопје
  13. Предлог – Одлука за давање согласност за користење на Мала сала – дел од спортска сала „Наум Наумовски Борче“ – Партизан, Скопје
  14. Предлог – Одлука за давање согласност за издавање под закуп кафетерија и сала кат 1дел од спортска сала  „Наум Наумовски Борче“ – Партизан, Скопје
  15. Предлог – Одлука за давање согласност за издавање под закуп на објект во сопственост на Општина Карпош, Спортско адреналински парк – Карпош
  16. Предлог – Одлука за давање согласност за започнување постапка за оттуѓување на патнички моторни возила
  17. Предлог – Одлука за отстапување на користење на просторија од објект спортска сала „Наум Наумовски Борче“ – Партизан, Скопје во сопственост на Општина Карпош на Меѓународно здружение на граѓани „Културно Ехо-Скопје’’

 

Седницата на Советот ќе се одржи во Универзитет Скопје (Универзитет за туризам и менаџмент Скопје).