ПОКАНА ЗА СЕДНИЦА НА СОВЕТ НА ОПШТИНА КАРПОШ
- октомври 4, 2024
- 0
Во вторник (08.10.2024) ќе се оддржи педесет и трета седница на Советот на Општина Карпош со почеток во 9.00 часот.
Седницата на Советот ќе се одржи во просториите на Универзитетот за туризам и менаџмент Скопје.
За седницата се предлага следниот
ДНЕВЕН РЕД
- Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Карпош во областа на екологија и енергетска ефикасност за 2024 година,
- Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште на територијата на Општина Карпош за 2024 година,
- Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Карпош во областа на културата за 2024 година,
- Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Карпош во областа на спортот за 2024 година,
- Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Карпош во областа на детска, социјална и здравствена заштита за 2024 година,
- Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Карпош во областа на образованието за 2024 година
- Предлог-Програма за изменување на Програмата за одбележување на 48-годишнината од формирањето на Општина Карпош
- Предлог-Правилник за изменување на Правилникот за условите, критериумите, видот и начинот на финансиска поддршка за поправка и санација на кровни покривачи на станбени згради за колективното домување и замена на азбестни кровни покривачи на индивидуални станбени објекти (куќи) во Општина Карпош за 2024 година
- Предлог- Правилник за изменување на Правилникот за условите, критериумите, видот и начинот на финансиска поддршка за поправка и санација на постоечки лифтови и поставување нови лифтови на станбени згради за колективното домување во Општина Карпош за 2024 година
- Предлог-Буџет за изменување и дополнување на Буџетот на Општина Карпош за 2024 година
- Предлог-Мислење на Програмата за изведување на ученички екскурзии и други ученички активности во ООУ „Вера Циривири Трена “, Општина Карпош-Скопје за 2024/2025 година
- Предлог-Мислење на Програмата за изведување на ученички екскурзии и други ученички активности во ООУ „Владо Тасевски“, Општина Карпош-Скопје за 2024/2025 година
- Предлог-Мислење на Програмата за изведување на ученички екскурзии и други ученички активности во ООУ „Војдан Чернодрински“, Општина Карпош-Скопје за 2024/2025 година
- Предлог-Мислење на Програмата за изведување на ученички екскурзии и други ученички активности во ООУ „Јан Амос Коменски“, Општина Карпош-Скопје за 2024/2025 година
- Предлог-Мислење на Програмата за изведување на ученички екскурзии и други ученички активности во ООУ „Лазо Трповски“, Општина Карпош-Скопје за 2024/2025 година
- Предлог-Одлука за давање согласност на одлуката за утврдување на цената на услугите за престој во ЈУОДГ „Мајски Цвет“ Општина Карпош Скопје
- Предлог-Одлука за давање согласност на одлуката за утврдување на цената на услугите за престој во ЈУОДГ „Орце Николов“ Општина Карпош Скопје
- Предлог-Одлука за давање согласност на одлуката за утврдување на цената на услугите за престој во ЈУОДГ „Пролет“ Општина Карпош Скопје
- Предлог-Одлука за давање согласност на одлуката за утврдување на цената на услугите за престој во ЈУОДГ „Распеана Младост“ Општина Карпош Скопје
- Предлог-Одлука за одобрување на финансиски средства на ученик за освоен златен медал на меѓународна математичка олимпијада „КОПЕРНИКУС“, во Њујорк, на Колумбија универзитет
- Предлог-Одлука за одобрување на финансиски средства на наставник ментор за освоен златен медал на меѓународна математичка олимпијада „КОПЕРНИКУС“, во Њујорк, на Колумбија универзитет