Во понеделник (04.12.2023) ќе се одржи триесет и шестата седница на Советот на Општина Карпош.

Седницата на Советот ќе се одржи во просториите на Универзитетот за туризам и менаџмент Скопје со почеток во 10.00 часот.

За седницата се предлага следниот

ДНЕВЕН РЕД 

Разгледување Записник од 33та седница

Разгледување Записник од 34 седница

Разгледување Записник од 35 седница                                                                      

 

ДНЕВЕН РЕД

 

  1. Предлог-Одлука за утврдување на вклопување на бесправен објект изграден на КПбр.646/57 КО Долно Водно во урбанистичко-планска документација заради усогласување на намената на бесправниот објект со намената на земјиштето
  2. Предлог-Одлука за усвојување техничка исправка на урбанистички план за градежна парцела 4.5 од ДУП МЗ Влае 1, дел Б донесен со Одлука бр. 07-1080/1 од 19.07.2002 година
  3. Предлог-Одлука за усвојување техничка исправка на урбанистички план за градежна парцела 1.13 од ДУП МЗ Влае 1 нас. Маврово и Водовод, Одлука бр. 07-720/2 од 05.07.2001 година
  4. Предлог-Одлука за усвојување техничка исправка на урбанистички план за градежна парцела 5.1.16 од ДУП (измена и дополна) за населба Влае 1, дел Б, Општина Карпош-Скопје, Одлука бр. 07-1080/1 од 19.07.2002 година
  5. Предлог-Одлука за усвојување техничка исправка на урбанистички план за градежна парцела 6.10 од ДУП (измена и дополна) за населба Влае 1, дел Б (Одлука бр. 07-1080/1 од 19.07.2002 година)
  6. Предлог-Одлукa за донесување на Урбанистички проект со план за парцелација, за спојување на ГП 11.31 и ГП 11.32 и формирање на една градежна парцела со намена А1 – Домување во куќи, од ДУП за потег меѓу Жданец и Нерези, Блок Б, КО Нерези, Општина Карпош
  7. Предлог-Одлука за донесување на Урбанистички проект со план за парцелација, за спојување на ГП 11.27, ГП 11.28, ГП 11.29 и ГП 11.30 и формирање на две градежни парцели со намена А1 – Домување во куќи, од ДУП за потег меѓу Жданец и Нерези, Блок Б, КО Нерези, Општина Карпош
  8. Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата на Општина Карпош во областа на екологија и енергетска ефикасност за 2023 година
  9. Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата на Општина Карпош во областа на детска, социјална и здравствена заштита за 2023 година
  10. Предлог-Одлука за одобрување финансиски средства за поправка и санација на постоечки лифт на станбена зграда за колективно домување во Општина Карпош на ул.„Никола Русински“ бр.10/2 во Општина Карпош-Скопје
  11. Предлог-Одлука за давање согласност за започнување постапка за оттуѓување на патнички моторни возила
  12. Предлог-Одлука за давање на согласност за спогодбено преземање на административен службеник
  13. Предлог-Одлука за давање согласност за времено отстапување на користење движни ствари – мотоцикл без странична приколка и мопед, сопственост на Општина Карпош на Полициска станица од општа надлежност Карпош
  14. Предлог-Решение за верификација на член во училишниот одбор на ООУ „Вера Циривири Трена“
  15. Предлог-Решение за верификација на член во училишниот одбор на ООУ „Димо Хаџи Димов“