Општина Карпош ги информира своите сограѓани дека во среда, (07.02.2024) со почеток во 17:00 часот во холот на ООУ „Лазо Трповски“ ќе се одржи петтата Форумска сесија од Проектниот форум во Општина Карпош. На претходните четири форумски сесии, кои се реализираа во периодот од 1-ви март до 3 мај 2023 година, учесниците ги идентификуваа и дефинираа локалните проблеми, предлагаа решенија, развиваа и приоретизираа проекти. Во рамки на петтата сесија, Општината ќе го информира Форумот за реализацијата на форумските одлуки и приоритети.

 

   За сите дополнителни информации во врска со форумските сесии, лице за контакт е Координаторот на проектот Ивана Ордевска – тел. 078 486 962 и email: ivana.ordevska@karpos.gov.mk.