(ПОКАНА) ДВАЕСЕТ И ОСМА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КАРПОШ
- октомври 17, 2019
- 0
Денеска, 17. 10. 2019 ( четврток), во просториите на урбаната заедница Кузман Јосифовски – Питу , ( ул. Стрезово бр.7 во близина на средното училиште „ Лазар Танев“), ќе се одржи дваесет и осмата седница на Советот на Општина Карпош. Членовите на Советот, ќе дискутираат по следниве предлог точки:
- Предлог–Програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Карпош во областа на спортот за 2019 година
- Предлог–Програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Карпош во областа на детска, социјална и здравствена заштита за 2019 година;
- Предлог-Програма за активностите на Општина Карпош во областа на еднаквите можности меѓу жените и мажите во Општина Карпош за 2019 година;
- Предлог-Одлука за давање согласност за промена на корисникот на електричните броила во општинските основни училишта на територијата на Општина Карпош;
- Предлог-Одлука за утврдување на вклопување на бесправни објекти во урбанистичко-планска документација заради вклопување на бесправните објекти во идна планска документација (КП бр. 646/63 КО Долно Водно);
- Предлог-Одлука за одобрување финансиска поддршка на Кошаркарски клуб СПАРТА
- Предлог-Одлука за одобрување финансиска поддршка на шаховски клуб ГАМБИТ АСЕКО СЕЕ
- Предлог-Одлука за одобрување финансиска поддршка на полициски клуб за боречки спортови 7-ми Мај ТИГАР
- Предлог-Одлука за одобрување финансиска поддршка за реализација на проектот Меѓународен пливачки натпревар 13-ти Ноември
- Предлог-Одлука за давање согласност за распишување јавен повик за проекти од надлежноста на Општина Карпош, како основа за изработка на годишните програми за работа на секторите во Општина Карпош и изработка на Буџетот на Општина Карпош за 2020 година
- Предлог-Решение за верификација на мандатите на членовите на училишниот одбор на општинското основно училиште „Вера Циривири Трена“ Општина Карпош Скопје;
- Предлог-Решение за верификација на мандатите на членовите на училишниот одбор на општинското основно училиште „Јан Амос Коменски“ Општина Карпош Скопје;
- Предлог-Решение за верификација на мандатите на членовите на училишниот одбор на општинското основно училиште „Димо Хаџи Димов“ Општина Карпош Скопје;
- Предлог-Решение за верификација на мандатите на членовите на училишниот одбор на општинското основно училиште „Војдан Чернодрински“ Општина Карпош Скопје;
- Предлог-Решение за изменување и дополнување на Решението за разрешување на Училишниот одбор на Општинското основно училиште „Братство“ Општина Карпош Скопје, бр.09-6709/44 од 25.09.2019 година;
- Предлог-Одлука за објавување на оглас за реализација на проекти од областа на еднакви можности на жените и мажите за 2019 година