ПОЕТСКИТЕ ЕМОЦИИ ЈА ОСВОИЈА АНГЛИЈА
- март 1, 2016
- 0
Реномирана издавачка куќа од Англија, ги публикуваше автентичните јазични творби на младите поети од Карпош. Поезијата на третоодделенците од ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“, деновиве се најде во стихозбирката на англиски јазик, насловена како „Емотивна поезија“.
Иницијативата се роди во рамки на дополнителната настава во ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“, каде беше реализиран проект на пишување поезија на англиски јазик. Оригиналната јазична творба им донесе на основците од 3.б одделение, Сертификат за заслуга (Certificate of Merit), како активни учесници на Меѓународниот натпревар за млади ученици, во областа на пишување поезија на англиски јазик.
Координаторот на проектот, менторот по англиски јазик м-р Виолета Панев, објаснува дека целите на првата фаза на проектот беа реализирани на настанот на Европската недела на кодирање, преку препознавање на семантиката на лексичките единици на работилниците по англиски јазик. При вежбите во римување беа применувани разни техники во пишувањето со цел децата полесно да ја усовршат техниката на вештината пишување. Песничките беа проследени со автентични ликовни творби на самите ученици, преку кои ги искажаа своите чувства и доживувања на случки и настани од секојдневието.