Општинските служби задолжени за одржување на чистотата во Карпош, интензивно и секојдневно работат на расчитување и одржување на јавните површини. Во текот на минатата недела службите го чистеа теренот во урбаните заедници Злокуќани и Бардовци на повеќе локации при што е подигната значајна количина на шут и ѓубре од неколку мини депонии. При секојдневните активности за чистење беа опфатени и дел од улиците и јавниот простор во овие населени места сè со цел хигиената и чистотата да бидат на задоволително ниво за нашите жители.

Ваквите акции за чистење на јавниот простор во Општина Карпош се дел од секојдневните работни активности на службите за одржување на хигиената и во наредниот период етапно ќе се чистат и останатите површини на наша територија.