Општина Карпош ги информира граѓаните дека презема активности за организирање на повторна Јавна презентација и Јавна анкета по Предлог – Детален урбанистички план за Градска четврт СЗ19, помеѓу Бул. Партизански одреди, ул. Ацо Шопов, ул. Војвода Васил Чакаларов (Циборовски) и река Вардар, за плански период 2018–2023 година.

Притоа, во просториите на Општината (ул. Радика бр. 9), повторната Јавната анкета ќе биде отворена за жителите на Карпош во периодот од 24.10.2023 до 30.10.2023 година, секој работен ден од 7:30 до 15:30 часот.

Повторната Јавна презентација (за јавните претпријатија) по Предлог ДУП за Градска четврт СЗ19, ќе се одржи во четврток (26.10.2023) со почеток во 12:00 часот, во просториите на Општина Карпош, додека пак истата Јавна презентација (за граѓани) ќе се одржи еден час подоцна, односно во 13:00 часот.  

Инаку, планскиот   опфат   кој   е   предмет   на   уредување   со   овој   Детален   урбанистички   план е со местоположба којашто е дефинирана во рамките на следните граници:

 – на северoисток границата започнува од најсеверната точка 1 и се движи во југоисточен правец по осовината на бул. „Партизански Одреди“ (планиран профил на собирна улица по ГУП на Град Скопје 2012 – 2022), сѐ до најисточната точка 4;

– на југосток границата се движи во југозападен правец по осовината на регулираното корито на Река Вардар, сѐ до најјужната точка 7;

– на југозапад границата се движи во северозападен правец по осовината на ул. „Војвода Васил Чакаларов“ (поранешна ул. „Адолф Циборовски“; планиран профил на собирна улица по ГУП на Град Скопје 2012 – 2022), сѐ до најзападната точка 22;

– на северозапад границата се движи во североисточен правец по осовината на ул. „Ацо Шопов“ (планиран профил на собирна улица D.02 – D.03 по ГУП на Град Скопје 2012 – 2022), сѐ до почетната точка 1.   

Анкетните листови за учество на повторната Јавна анкета ќе бидат изложени во просториите на Општина Карпош. Оттука, во определениот рок, заинтересираните правни и физички лица од конкретното подрачје опфатено со Планот, можат да достават писмени забелешки на анкетните листови.

Деталите за организирање на повторна Јавна презентација и Јавна анкета по Предлог Детален урбанистички план за Градска четврт СЗ19,  Општина Карпош, ќе бидат објавени на општинската веб страница www.karpos.gov.mk во делот на огласната табла.