Во  најскоро време стартува нов, еднонасочен режим на сообраќај за улицата „Прашка“, во населбата Тафталиџе 1, којшто ќе биде воспоставен со нова хоризонтална и вертикална сигнализација.

За таа намена веќе се поставуваат нови 56 сообраќајни знаци, како и нови забавувачи на сообраќај, со цел да се зголеми безбедноста и сигурноста на сите учесници во сообраќајот.

Исто така, на овој потег се воведува и ЗОНА 30, со што се ограничува брзината на движење на сите возила.

Со новиот сообраќаен режим, од улицата „Лондонска“ се  вози во една насока спрема „Прашка“, а возможен е приклучок само ôд ,  и кон улицата „Дамаска“.

На овој начин ќе се намали сообраќајниот метеж во Тафталиџе 1, а најважно е што ќе се зголеми безбедноста за сите учесници во сообраќајот.

Новиот сообраќаен режим беше усвоен на 22 – та седница на Советот на Општина Карпош, на која воедно беше прифатена донацијата на Меѓународното училиште „НОВА“ од новите сообраќајни знаци.

Неодамна започна да функционира и новиот сообраќаен режим за Карпош 4, делот околу Сити Мол, со цел да се ублажи метежот и да се зголеми безбедноста околу овој дел од општината.