Уште една цистерна, вкупно петта, почнува да ги мие и дезинфицира локалните улици во Општина Карпош. Имено, фирмата „Аква Спид“ ДООЕЛ Скопје ја доделува оваа механизација на привремено користење во Карпош, без надомест, со цел уште повеќе да се подигне нивото на јавна хигиена во ек на пандемија на коронавирусот.

 

Оваа цистерна претежно ќе чисти на потегот во Бардовци и Злокуќани.

 

Ова е трета компанија, по „Анизор“ и „Гранит“, која ја покажува својата општествена одговорност и се вклучува во борбата за заштита од Covid – 19, во делот на обезбедување почисти јавни површини.

 

На терен, активно работат и двете цистерни на Општина Карпош, кои пред неколку месеци беа набавени преку грант за успешност од Светска банка (Министерство за финансии).

 

Продолжуваме со секојдневните активности за почист Карпош и намалување на  шансите за ширење на коронавирусот.