ОТСТРАНУВАЊЕ НА ХАВАРИСАНИ ВОЗИЛА НИЗ КАРПОШ
- август 25, 2026
- 0
Секторот Инспекторат од Општина Карпош во соработка со колективен постапувач, денеска спроведе редовна акција за подигнување на отпадните (хаварисани) возила од јавните површини на територија на локалната самоуправа. Акцијата се одвиваше во реонот на У.З. „Владо Тасевски“ каде беа отстранети неколку отпадни возила со регистарски таблички, за кои претходно се водеше инспекциска постапка. Целта на оваа иницијатива е ослободување на јавните површини, како и подобрување на квалитетот на здравата животна средина. Општина Карпош апелира на совесно однесување на граѓаните, во насока на заедничко дејствување за почист Карпош.









