Отстранета опасноста на улица „Рампо Левката“
- јули 25, 2026
- 0
По силното невреме, лим од соседната зграда одлета и падна врз покривите на две индивидуални куќи на улица „Рампо Левката“, при што постоеше опасност и за жителите и минувачите.
По стручната интервенција на општинските служби, кои беа на терен од утринските часови до попладне, опасноста е отстранета, а граѓаните повторно можат безбедно да пристапат до своите домови.
Жителите се презадоволни и упатуваат голема благодарност до општинските работници за нивната брза реакција, професионалност и несебична помош.









