На покана од Педагошкиот факултет во Скопје, претставници од ООУ „Јан Амос Коменски“ од општина Карпош присуствуваа на првиот академски час за 2023/2024 година. По тој повод, основците од второ и петто одделение со пригодна точка ги поздравија новите академски граѓани од оваа високообразовна установа. Воедно, учениците од Карпош им посакаа на новите студенти среќен почеток, преку пораки на македонски, албански и турски јазик, поточно на јазиците на кои се реализира наставата на Педагошкиот факултет. На свеченоста присуствуваа деканот на Педагошкиот факултет – проф. д-р Билјана Камчевска, професорите, асистентите, стручните соработници и студентите од овој факултет.