Градоначалникот Сотир Лукровски денеска оствари средба со основците и нивните ментори од основните училишта од Карпош, кои освоија први места на државните натпреварувања кои се одржаа во учебната 2024/2025 година. Во оваа пригода, првиот човек на општината им се заблагодари на учениците и менторите за нивното присуство и им посака уште многу вакви успеси на полето на образованието.

  • „Од мое лично име и од името на Општина Карпош ви честитам на вашите достигнувања. Би сакал да истакнам дека вие сте нашата иднина, а со вашето знаење нè направивте особено горди, како вашите родители, така и општината од која доаѓате. Убеден сум дека ќе изградиме добра релација и сакам да ве уверам дека вашиот труд секогаш ќе биде вреднуван. На вас останува само да учите, а локалната самоуправа ќе биде секогаш тука да ве поддржи и мотивира во вашите понатамошни успеси“ – посочи Лукровски.

                За нивниот постигнат успех на државно ниво согласно Програмата на Одделението за образованите, градоначалникот Сотир Лукровски им врачи еднократни парични награди во висина од 7.500 денари на 11 ученици и 12 ментори.