ОПШТИНА КАРПОШ ОСТРО ГИ ДЕМАНТИРАА ИНФОРМАЦИИТЕ И ИЗНЕСЕНИТЕ НАВОДИ ОБЈАВЕНИ ВО ОДРЕДЕНИ МЕДИУМИ ЗА УРБАНИЗАЦИЈА ВО ОПШТИНАТА
- февруари 23, 2026
- 0
Груба лага и манипулација се тврдењата за некакви проекти налик на искуства од други држави во регионот. Ниту сме планирале ваков тип на урбанизација ниту планираме. Свесното извртување на факти и пласирањето на ноторни лаги е опасна игра со јавноста која остро ја осудуваме.
Во име на транспарентноста и отворената комуникација која Општина Карпош ја води со граѓаните, по низата шпекулации и лажни вести кои се проширија, должни сме пред севкупната јавност да ги посочиме следните факти:
- Работиме на средување на урбанистичкиот хаос кој го наследивме во Општина Карпош
- Сите започнати постапки од претходното раководство, преку надлежната комисија за урбанизам се дадени на ревидирање и повторно разгледување
Сето ова е преземено со цел да се заштити интересот на граѓаните, развојот на зелениот простор во општината, хуманото уредување на просторот во рамки на законската регулатива.
Карпош ќе се развива според потребите на карпошани и во директна консултација со карпошани. Новото раководство на општината ќе работи само и исклучиво во интерес на граѓаните на Општина Карпош.
За сите информации кои произлегуваат од постапката за донесување на детален урбанистички план во иднина, преку анкети и сооштенија, навремено и транспарентно ќе бидат информирани граѓаните и пошироката јавност.









