По повод Меѓународниот ден на шахот, Општина Карпош организира „Шаховско утро“, кое ќе се одржи на 20 јули 2026 година (понеделник), со почеток во 09:00 часот, на платото „Млечен“.

Настанот има за цел да го промовира шахот како интелектуална игра која ги развива логичкото размислување, концентрацијата, стратегиското планирање и спортскиот дух, како и да поттикне дружење и меѓугенерациско поврзување.

На настанот ќе присуствува и градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, кој ќе се придружи на заедничкото одбележување на овој значаен ден.

Општина Карпош ги поканува сите љубители на шахот – деца, млади, возрасни и пензионери, без разлика на нивото на искуство – да земат учество во ова заедничко шаховско дружење и да бидат дел од одбележувањето на Меѓународниот ден на шахот.

Со организирањето на вакви настани, Општина Карпош продолжува да промовира активности кои ги поттикнуваат здравите животни навики, интелектуалниот развој, спортскиот дух и активното учество на граѓаните во животот на локалната заедница.

Ги покануваме сите заинтересирани граѓани да ни се придружат и заедно да го одбележиме Меѓународниот ден на шахот.