ООУ „ВЛАДО ТАСЕВСКИ“ ПОТПИША ДОГОВОР ЗА ПАРТНЕРСТВО СО УЧИЛИШТЕ ОД ДУИСБУРГ
- јуни 12, 2023
- 0
ООУ „Владо Тасевски“ – Скопје потпиша договор за партнерство со Gesamtschule Duisburg-Mitte, Дуисбург.
Договорот за партнерство меѓу училиштата се реализираше на онлајн средба помеѓу директорките на училиштето Викторија Кочевска и Михаела Герлах Цимерман, како и наставниците по германски јазик од двете училишта.
Со договорот за партнерство учењето на германски јазик ќе биде попродлабочено на следниот начин преку:
- Редовни посети на ученици како и наставници на партнерското училиште, со што ќе се направи увидување на училишниот систем, јазикот и секојдневието;
- Учество на заеднички проекти, со физичко присуство и он лајн;
- Проширување на свеста за културата на другиот и да го развијат разбирањето за луѓето од другата земја. При изразена желба или потреба и подобри услови може да се прошири размената и до една година;
- Евалуација на активностите во рамките на училишното партнерство и на тој начин да се утврди актуелната состојба на соработката.
Воедно, ООУ „Владо Тасевски“ – Скопје е едно од четирите основни училишта на територијата на Македонија кое е партнер училиште со Владата на Република Германија. Линк за оваа соработка е Гете институтот, а учениците ги уживаат бенефициите преку учество на работилници, јазични курсеви, стипендии како и донации од книги и материјали.
ООУ „Владо Тасевски“ е едно од малкуте училишта во Македонија кои имаат училиште – партнер од СР Германија и прво што потпиша партнерски договор со училиште од покраината Северна Рајна Вестфалија.