Денес се одржа работна средба помеѓу градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Нухи Алиу, и претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Горан Ѓорѓиевски.
На средбата беше разговарано за можностите за воспоставување и унапредување на соработката меѓу Општина Карпош и бизнис-заедницата, како и за иницирање на заеднички активности од интерес за граѓаните и локалниот економски развој.
 

Во фокусот на разговорите беа и можностите за потпишување Меморандум за соработка, дефинирање на идни планови и реализација на заеднички иницијативи, со цел размена на искуства и примена на успешни локални практики.
 Соработката помеѓу Општина Карпош и бизнис-заедницата претставува значаен чекор кон заедничко креирање и спроведување на локални практики и иницијативи во интерес на граѓаните, развојот на општината и создавањето подобра деловна средина.