ОДБОЈКАРКИТЕ ОД „ФИТ ФАН ВОЛЕЈ“ ПОВТОРНО ЌЕ ИГРААТ ВО ЗАВРШНИЦАТА ОД ПЛЕЈОФ НАТПРЕВАРИТЕ
- декември 20, 2024
- 0
Женскиот одбојкарски клуб „Фит Фан Волеј“ од Скопје кој работи и гравитира на територија на општина Карпош, во оваа полусезона заврши на четвртата позиција во лигата. Со самото тоа младите одбојкарки обезбедија учество во плејоф завршницата, каде после една сезона повторно ќе се борат за освојување на шампионската титула во највисокиот ранг на натпреварување, „ПРВА ЛИГА“-жени.
Оваа сезона боите на клубот ги бранеа домашни одбојкарки од кои повеќето го стекнаа своето искуство играјќи во рамки на училишната лига на Општина Карпош. Она што е интересно да се истакне е дека овој клуб многу вложува во младите таленти и им дава шанса за нивно усовршување. Најдобар пример за тоа се најмладите одбојкарки во лигата, Тамара и Моника Велков од ООУ „Војдан Чернодрински“ како и Ивана Димитровска од ООУ „Јан Амос Коменски“, кои добија можност да учествуваат во тековните натпревари.
Вредно да се напомене е дека „Фит Фан Волеј“ е единствениот женски спортски клуб од општина Карпош кој успеа да ја избори својата позиција во завршницата на првенството, кое спаѓа во највисокиот ранг на натпреварување.