Со денешниот финален натпревар кој се одигра во малата сала во С.Ц „Борис Трајковски”,  финишираа и Училишните спортски лиги во одбојка на Општина Карпош. Во одлична спортска атмосфера пред преполните трибини,  одбојкарките од ООУ„Војдан Чернодрински” ги победија своите врснички од ООУ „Владо Тасевски”

 со конечен резултат од  2:0 во сетови  и со тоа се искачија на одбојкарскиот трон.  Третото место им припадна на основките од  ООУ „Петар Поп Арсов”. 
 

За   најталентиран  играч на овогодинашното првенство е прогласена  Ангела Трајкова од  „Војдан Чернодрински”, додека пак, најкорисна одбојкарка е  Милјана Мицковска од „Петар Поп  Арсов”. За најдобар играч оваа година, исто како и претходната,  е прогласена Ива Чадиковска од  „Владо Тасевски”. 
 
Медалите и пехарите на победничките екипи им ги додели раководителот на Одделението за  култура и спорт Патрик Поповски.