ОДБЕЛЕЖАН Е СВЕТСКИОТ ДЕН НА КРВОДАРИТЕЛСТВОТО
- март 18, 2019
- 0
Црвениот крст во нашата држава.
Традиционално, се доделија признанија на деветмина хумани граѓани – крводарители, како и на претставници на организации, институции и фирми.
Градоначалникот Стефан Богоев ги додели благодарниците на сите крводарители кои во изминатата година дарувале крв по 50 – ти, 75-ти или 100-ти пат.
– Карпош е симбол на светската солидарност. Голем број на метрополи придонеле во обновата на Градот Скопје, а со самото тоа и на Карпош, по катастрофалниот земјотрес во 1963. Затоа имаме и голем број на улици кои се именувани по имиња на светски градови: „Римска“, „Атинска“, „Париска“, „Хелсинки“ и др.
Сакам да Ви честитам за хуманоста и за фактот што претставувате вистински пример во локалната заедница, но и во општеството, посочи во оваа пригода Богоев.
Пред присутните се обрати и Билјана Костова, претседател на ОО Црвен крст – Карпош и членка на Советот, која напомена дека Карпош е лидер по бројот на хумани луѓе кои се одважиле, дарувале крв и спасиле нечиј живот.
Дополнително, секретарот на ОО Црвен крст – Карпош, Маре Кочоска, на градоначалникот Богоев му додели благодарница за локалната самоуправа, за големиот придонес што Општината го дава на полето на организирање на хуманитарни настани и крводарителски акции, во кои, во изминативе години, се собрани повеќе од 3.500 крвни единици.
Благодарници за особен придонес им беа врачени и на Факултетот за информатички науки и технологии (ФИНКИ), Клиничката болницата „Аџибадем Систина“ и на МПЦ – Скопска епархија.