По повод одбележувањето на 2 Август – Денот на Републиката и празникот Илинден, делегација на Општина Карпош, предводена од претседателот на Советот на Општина Карпош, Христо Саракинов, положи свежо цвеќе пред споменикот на претседателот на Крушевската Република, Никола Карев.
Со оддавање почит кон илинденските херои, Општина Карпош го одбележува празникот кој претставува симбол на слободата, државноста, храброста и стремежот кон независност.
 

Нека ни е честит 2 Август – Денот на Републиката!