Во ООУ „ Братство“ во Тафталиџе 2, денеска, организацијата „НАНСЕН  дијалог Центар-Скопје“, заедно со група ученици, од училишта во Италија, Словенија и Хрватска, одржаа еден мултикултурен проект на меѓусебно  запознавање на учениците и наставниците  со нивните врсници и колеги од овие држави. Целта на оваа иницијатива е размена на искуства и идеи помеѓу мултикултурни и мултиетнички училишта, како и имплементирање на истите во наставниот процес за поголема образовна инклузија на основците.

 

Оваа група, составена од 25-30 ученици, во Република Македонија, како дел од оваа иницијатива, престојува од 26-28.март, и освен посетата на мултикултурното карпошово училиште, ќе ги  посети и канцелариите на  „  НАНСЕН дијалог Центарот. Покрај посетата на училиштето „Братсво“, учениците од овие земји ќе посетат мултикултурни основни и средни  училишта во Тетово, Гостивар, Охрид и Скопје, каде што ќе разменат меѓусебни искуства и ќе отворат можности за збратимување.

Проект е поддржан од Еразмус програмата, а во рамките на оваа меѓудржавна посета се вклучени ученици од училишта од Осијек, Вуковар и Дарувар.