Започна уредувањето на јавниот простор во Карпош 2, спроти Драмски театар. Овој дел ќе добие ново зеленило, украсни грмушки и дрвја, систем за наводнување, а ќе се постават и нови клупи за седење и корпи за отпадоци.

 

Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ започнаа со изведбените активности на терен, со што овој дел од Карпош ќе добие целосно нов лик. Поточно, тука ќе се добие зелен и уреден простор наменет, меѓудругото, и за маалска дружба и рекреација на граѓаните.

 

Во изминатиот период, ЈП „Паркови и зеленило“ го уреди и аголот меѓу „Партизански одреди“ и улицата „Љубљанска“, а засади ново зеленило и долж булеварот „8 Септември“.

 

Заштитата на животната средина е врвен приоритет на Општината. Локалната самоуправа и градските власти продолжуваат да вложуваат во надоместување на изгубеното зеленило.