НОВИ ПОКРИВИ, ФАСАДИ И ЛИФТОВИ ВО КАРПОШ
- март 14, 2017
- 0
Вкупно шест лифтови ќе бидат реконструирани, а два нови наскоро ќе се постават во колективни станбени згради на територијата на Општина Карпош. Еден лифт во колективниот станбен објект на ул . Никола Русински бр.4/2 ќе биде реконструиран, додека на ул. Драгиша Мишовиќ бр.4 ќе биде поставен нов.
На ул. Ѓорче Петров Б1- Порта Влае, ќе бидат санирани два лифта, додека на бул. Партизански одреди бр.109 блез 1 ќе биде поставен нов лифт. Два лифта ќе бидат реконструирани на бул. Партизански одреди бр.145 , додека на бул. Партизански одреди бр.107 влез 2, ќе бидат одобрени финансиски средства за санирање и монтажа на лифт.
Овие одлуки, денеска, на шеесет и четвртата седница на Советот на локалната самоуправа, беа изгласани од советниците. Исто така беше изгласан Заклучокот за усвојување на Годишниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Карпош за 2016 година и годишната сметка на Буџетот на Општина Карпош за минатата година. По барање на советничката група на опозицијата, раководителката на секторот за финансиски прашања Мирјана Ѓоргиевска, детално ги образложи сите буџетски ставки на општината каса за минатата 2016 година. Во својата елаборација до советниците, Ѓоргиевска прецизно ги презентираше приходите и расходите на Општината, напоменувајќи дека Општината е во добра финансиска кондиција.
На оваа седница, советниците исто така ја изгласаа Одлуката за објавување на јавен повик за пријавување на сопственици на индивидуални и колективни станбени објекти за заменување на дотраени кровни покривачи од азбест цементни табли со ребраст пластифициран лим. Советниците дадоа ,, зелено светло“ и за реконструкција на фасади на колективни станбени објекти. Советот денес ја одобри одлуката и за одделување на финансиски средства за заслужен граѓанин на Карпош.