На големото интернационално натпреварување во боречки спортови, кое ќе се одржи во Ријад, Саудиска Арабија, од денеска па до 22ри октомври, двајцата спортисти на Карате клубот Макпетрол, заминаа да го освојат златото во карате спортот. Витомир Трајковски, кој е прво рангиран на светската топ листа во дисциплината кумите катогорија У21 – 84 кг ќе се натпреварува во полутешка категорија (-84 кг) и Стефан Стојанович кој е трето рангиран, ќе се натпреваруваат во тешка категорија (+84кг) ,  со   познати карате имиња од целиот свет.

                        Во Саудиска Арабија на Светските игри на боречки спортови, ќе бидат застапени 16 боречки спорта, а услов за учество на овие игри е да се биде во топ осум спортисти на Светската карате ранг листа. Имено, во секој спорт и во секоја тежинска категорија ќе учествуваат само првите осум спортисти, оние кои се најдобро рангирани на своите светски ранг листи.

На игрите ќе  учествуваат  1700 спортисти во 16 спорта од 80 светски држави.