НАМАЛЕНИ РИЗИЦИ ОД КАТАСТРОФИ – ПОБЕЗБЕДНА СРЕДИНА ЗА СИТЕ
- октомври 13, 2026
- 0
По повод Светскиот ден за намалување на ризикот од катастрофи, а во рамки на одбележувањето на 50-годишниот јубилеј на Општина Карпош, во спортската сала „Наум Наумовски – Борче“ се одржа едукативна презентација посветена на значењето на превенцијата, подготвеноста и навременото постапување при ризици од катастрофи. На настанот присуствуваа околу 150 учесници од основни и средни училишта, како и студенти, кои имаа можност да се запознаат со основните принципи на превенција и намалување на ризиците, како и со значењето на личната и колективната одговорност во ситуации на потенцијална опасност. Преку ваквите едукативни активности се поттикнува развојот на култура на превенција, особено кај младите, со цел тие да стекнат знаења и вештини кои можат да бидат од особено значење во услови на вонредни ситуации. Општина Карпош, преку Одделението за заштита и спасување, континуирано реализира вежби, обуки, едукативни предавања и други превентивни активности насочени кон унапредување на подготвеноста за справување со различни ризици. Информирана, подготвена и одговорна заедница е најважниот чекор кон намалување на ризиците и заштита на човечките животи.









