Градоначалникот на Општина Карпош Сотир Лукровски, заедно со министерот за спорт Борко Ристовски и директорот на Државниот студентски дом-Скопје,  присуствуваа на отворањето на реконструираното повеќенаменско игралиште-спортски  центар во студентскиот дом „Гоце Делчев“, во населбата Тафталиџе .

  • „Извршена е комплетна санација и реконструкција на просторот за спорт и спортски активности, во состав на студентскиот дом „Гоце Делчев“ во општина Карпош . Студентите   отсега  ќе имаат  на располагање за користење и рекреакција современо уредени игралишта за фудбал и за кошарка со полипропиленски под.  Оваа реконструкција е изведена во две фази, а целата инвестиција на проектот изнесува околу 4 милиони денари“ – нагласи првиот човек на Општината, Сотир Лукровски.

Министерот за спорт Борко Ристовски, истакна дека станува збор за проект во рамките на програмата на Министерството за спорт за изградба и реконструкција на спортската инфраструктура  низ земјата и  дека ресорното министерство и во иднина, ќе вложува и ќе финансира во вакви проекти се со цел да се подобри постојната и да се изгради нова спортска инфраструктура со што значително ќе се подобрат условите за  спортување.

  • „Заедно со градоначалникот Лукровски го реализиравме овој проект со што значително ќе се подобри инфраструктурата на ова спортско игралиште во состав на студентскиот дом „ Гоце Делчев“.  Секако , приоритет за ползување на истото, ќе имаат студентите од овој студентски дом, но и сите карпошани.  Затоа, јас како министер и ние како министерство и во иднина постојано ќе се заложуваме и ќе инвестираме во подобрување на условите за спортските активности кај нас, се разбира и во Општина Карпош“ –  нагласи министерот Ристовски.

Директорот на Државниот студентски дом-Скопје, Александар Каровски, потенцираше  дека овој простор од запуштено и со години нереновирано игралиште, прераснува во спортски мултимедијален комплекс , кој најмногу ќе го користат студентите од студентскиот дом „Гоце Делчев“.

  • „Морам да го нагласам моето големо задоволство, што ова игралиште, прераснува во  ваков прекрасен  повеќенаменски  комплекс, и сум среќен што во соработка со министерот Ристовски и градоначалникот на Карпош Сотир Лукровски, го реализиравме овој проект“ – нагласи директорот Каровски.

 

Градоначалникот  на Карпош, Сотир Лукровски и министерот за спорт Борко Ристовски, заеднички се согласија дека успешната соработка меѓу локалната самоуправа и ресорното министерство ќе продолжи и во иднина, со тоа што ќе се работи на подобрување на севкупната спортска инфраструктурна мрежа на територијата на Општината.