Дванаесетти  пат,  Детскиот ликовен центар и Општина Карпош, традиционално организираат  Меѓународна  ликовна колонија. На падините на планината Водно, во с. Горно Нерези, уметници од земјава и од странство,  три дена  ќе творат и цртаат.

 Оваа година, на ликовната колонија присуствуваат  и уметници од збратимените општини на Општина Карпош од соседството и тоа од Тиват, Црна Гора, Триадица-Софија, Бугарија, Травник од Босна и Херцеговина, како   Врњачка Бања од Србија.