Општина Карпош е прва локална самоуправа од територијата на Градот Скопје, на која се реализира проектот ,,МАПАТОН”. Станува збор за  вклучување на лица со посебни потреби во имплементација на андроид апликација преку приватните мобилни уреди кои тие ги користат и која ќе им овозможи  интерактивност во мапирањето на пристапните места.

На иницијатива на УНДП, во рамки на проектот „Услуги за лица со попреченост“, активноста  се спроведе во соработка со Општината. По информативниот состанок одржан на 9 март, веќе мапирани се дел од непристапните локации во Карпош 3 и Нерези. На овие две места поставени се пристапни рампи за да можат лицата со хендикеп да се движат полесно и побезбедно.

Поставените пристапни рампи се нааоѓаат на следните локации:

  • Паркинг место ( за два автомобили)  на Бул. Партизански Одреди бр.143 ( Воените кули под Мостот Обединети Нации) од десната страна во Нерези).
  • Паркинг место ( за два автомобили) на Бул.Партизански Одреди бр.145 – ( Воените кули под Мостот Обединети Нации) од десната страна во Нерези).
  • Влезот на Градинката Орце Николов на  Ул.Карпошово Востание бб 
  • Обележување на паркинг место на Ул.Никола Русински ( задниот дел на Лептокарија, до гаражата)
  • Обележување на паркинг место на паркингот  во Лептокарија, каде што се поставени двете метални столбчиња.

 

На присутните на состанокот им беше презентирана целта на активноста и практичните начини за нејзина примена, со цел да им се олесни движењето и секојдневното функционирање на лицата со попреченост. Општина Карпош како и до сега и во иднина  при изградба на сите објекти  ќе води сметка за пристапноста како би можеле лицата со попреченост нормално да функционираат и да ги извршуваат своите обврски.