На крајот од септември оваа година(27-28.09), во Маврово, се одржа лидерски форум на градоначалници на партнер општините на тема “Поттикнување извонредност во управување и соработка”, организиран од УСАИД во рамки на проектот за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите. На лидерскиот форум беа присутни градоначалници и секретари од дваесет и седум општини, кои дискутираа и споделуваа искуства во врска со:

 

  • управување со општината во однос на прибирање средства, раководење со финансии, обезбедување услови за економски раст и развој,
  • усовршување на лидерски вештини за поефективно локално управување,
  • подобрување на соработката со засегнатите страни и поддршка на економскиот раст во општините,
  • поттикнување на соработка и градење односи меѓу градоначалниците од различни политички провиниенции, и
  • добрите практики од студиското патување во САД во локален контекст.

 

Од страна на тимот на Проектот на УСАИД за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите  на форумот се презентираа и конкретни активности кои ќе следат во наредниот период со цел зајакнување на административниот капацитет на партнер општините и подобрување на услугите кон граѓаните.