„ЛЕЖЕЧКИ ПОЛИЦАЈЦИ“ ПРЕД ООУ „Х.Т.КАРПОШ“
- декември 30, 2019
- 0
Поставени се два нови, „лежечки полицајци“ на улицата „Орце Николов“, пред основното училиште „Христијан Тодоровски – Карпош“, во урбаната заедница Карпош 1.
Станува збор за еден обичен и еден интелигентен „лежечки полицаец“, кои имаат за цел да ја забават брзината на движење на моторните возила и да се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот.
Во изминатиот период, ваков тип на сигнализација беше поставен пред повеќе основни училишта во Карпош: „Јан Амос Коменски“, „Војдан Чернодрински“, „Братство“, „Димо Хаџи Димов“ и „Вера Циривири Трена“.
Исто така, новите решенија кај „Млечен“ и во Карпош 4 со кои се регулира сообраќајниот режим на движење, имаат за цел да ја зголемат безбедноста на пешаците и да го намалат сообраќајниот метеж.