Целосна невистина е текстот за наводно незанско рушење на тениски терени во Карпош, објавен од „Курир“ и „Нетпрес“, а идентично споделен и по други т.н. портали.

 

Имено, опшина Карпош нема да ги руши тениските терени долж Кејот на Вардар. Тие и понатаму ќе бидат достапни за сите граѓани на Карпош, а Секторот за инспекторат презема активности за правниот субјект кој стопанисува со терените, а го има прекршено член 73 од Законот за градење.

 

Овластен градежен испектор од општина Карпош донесе решение за отстранување градба (платформа), како резултат на фактот што, при извршен инспекциски надзор е утврдено дека субјектот поседува дозволува за монтажно – демонтажни соблекувални, а при увидот на инспекциските служби е констатирано дека постои градба – армирана бетонска платформа со објект, за која воопшто не постои дозвола од Град Скопје.

 

Субјектот, во повеќе наврати го има прекршено и Договорот со општина Карпош. Воопшто не е организирана училишна спортска лига, а договорот налага и слободни термини за играње тенис за граѓаните на Карпош и нивно јавно објавување – што не е исполнето.

 

Повторуваме дека  нема да има никакво рушење на терените, но законите треба да важат за сите подеднакво. Од ова отстапки нема.