Културното уметничко друштво „Цветан Димов“ од Општина Карпош, предводено од раководителот Бранко Јовевски, продолжува да реди успеси и признанија.

На неодамнешниот Меѓународен фолклорен фестивал, кој се одржа во Горзов,Полска, од 26 јуни до 3 јули, ансамблот „Цветан Димов“ уште еднаш ги покажа своите фолклорни можности освојувајќи мноштво пофалби и признанија за своите уметнички достигнувања.  

Талентираните играорци преку изведба на автентични македонски ора и песни, оставија најсилен впечаток пред многубројната публика во градот Горзов. На овогодинешниот фестивал, жири комисијата ги додели највисоките оценки и пофални критики  токму за ансамблот од Општина Карпош,  на кој учествуваа уште десет ансамбли од други европски држави.