Општина Карпош постави заштитни столпчиња пред неколку основни училишта во Карпош, со цел, дополнително да ја зголеми безбедноста за учениците пред воспитно – образовните установи.

 

Ваков тип на сигнализација беше поставена пред училиштата „Петар Поп Арсов“ во Карпош 4 (од влезот на ул. „Разловечко востание“ и од пристапот на ул. „Трифун Бузев“), пред ООУ „Владо Тасевски“ во Козле (на ул. „Јуриј Гагарин“), како и пред ООУ „Војдан Чернодрински“ во населбата Владо Тасевски (на ул.  „Дрезденска“).

 

Столпчиња треба да ги предупредат учесниците во сообраќајот, да ја намалат брзината на движење и да обрнат поголемо внимание кога се движат во близина на училишта.

 

Локалната самоуправа ќе постави вакви заштитни столпчиња и пред другите училишта.

 

Општината, го подигна нивото на безбедност пред образовните установи, поставувајќи  обични и интелигентни „лежечки полицајци“ и метални бариери. Од минатата учебна година, во сите основни училишта беше ангажиран дел од кадарот, со помош на сообраќаен знак, да го регулираат сообраќајот на локалните улици пред почетокот и на крајот на наставата.