КРАТКОМЕТРАЖНИ ФИЛМОВИ ЗА ОПШТИНА КАРПОШ НИЗ ОБЈЕКТИВОТ НА УЧЕНИЦИТЕ
- јули 1, 2025
- 0
Со изгласување на Предлог- Програмата за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Карпош во областа на образованието за 2025-та година, на денешната шеесет и седма седница на Советот на Општина Карпош, од идната учебна година, преку изработка на краткометражни филмови од сите десет општински основни уличишта кои се наоѓаат на територијата на Општина Карпош, ќе се збогати образовниот процес на учениците. Односно освен ликовната колонија, училишните спортски лиги, натпреварите по математика, карпошовите ученици ќе се натпреваруваат и преку режирање, креирање и создавање на филмови за Општина Карпош. Станува збор за проектот „Општината низ детскиот објектив“, каде што основците ќе креираат краткометражни филмови, кои ќе бидат презентирани во Деновите на Општината, односно при прославата на јубилејната годишнина на локалната самоуправа.
На оваа седница, членовите на Општина Карпош, ја прифатија и Одлуката за донација на училишен прибор за првачињата за учебната 2025/2026 – та година, од фирмата ТРИМАКС ДОО-Скопје, во вредносна сума од 128.000 денари за вкупно 610 првачиња во сите основни општински училишта во Карпош. Советниците исто така ја одобрија донацијата од оваа фирма на интерактивен панел 86 инчи од брендот Gaoeke.
Советниците на оваа седница одобрија финансиски средства за санација на фасада на станбена зграда, оштетена од пожар на ул. „Разловечко Востание“, бр. 26/4 ламела Г, Општина Карпиш-Скопје, во вредност од 30.000 денари, како и ја одобрија Предлог-Одлуката за одобрување на финансиски средства како помош за поставување на нов лифт на станбена зграда за колективно домување на бул. „Партизански одреди“, бр. 99, влез 2 во Општина Карпош-Скопје, во вредност од 500.000 денари. По повод одржување на европска младинска олимпијада во Скопје, а по барање на Македонскиот олимписки комитет, советниците од Советот на Општина Карпош одобрија 450.000 денари за уредување на земјениот паркинг во студентскиот дом,, Гоце Делчев “, бидејки во истиот ќе бидат сместени учесниците во оваа спортска манифестација.