Претставници  од Одделението за заштита и спасување при Општина Карпош, во средата пред два дена , одржаа состанок со  претставници од повеќе институции кои имаат надлежност во превентивно спречување на пожари. На состанокот, беа претставници од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Центарот за управуање со кризи ( ЦУК), Министерството за одбрана ( МО), Министерството за внатрешни работи ( МВР), Територијална противпожарна единица (ТППЕ), и Јавното претпријатие „ Паркови и зеленило“.

На овој состанок се разговараше за преземање на превентивни мерки за заштита од пожари на територијата на Општина Карпош во претстојниот период. Исто така, се разговараше и за оперативно- техничката подготвеност на екипите кои работат на терен, како и се компарираше ситуацијата со претходните години.