КОНЦЕРТ ЗА ПАМЕТЕЊЕ НА АНЕТА И ГРУПА „МОЛИКА“ ВО КАРПОШ
- август 24, 2017
- 0
Деветтата вечер од овогодинешното Карпошово културно лето, продолжи со концерт на Анета Мицевска и група „ Молика“. Со прекрасна изведба на странски евергрини и македонски староградски песни, музичката дива, заедно со својот бенд, ги забавуваше присутните карпошани.
Неверојатната интерпретација на „ Pour gue tu m’amies encore“, „ Someone like you“, „ My heart will go on“, како и многубројните староградски песни „ Јовано Јованке“, „ Слушни ме мајко стара“, “ По друм одам мајче“ ја развеселија публиката, која беше дојдена во голем број од сите возрасти.
Млади карпошани, како и жители на Општината од повозрасна категорија, со аплауз на отворена сцена, ја поздравија македонската фолк звезда, која со својот мелодичен глас, им ги наполни срцата како со познати странски хитови, така и со староградски песни од македонската фолклорна ризница.