КОНЦЕРТ ЗА ПАМЕТЕЊЕ – ДНК ГИ , ”РАЗМРДАА” КАРПОШАНИ
- септември 15, 2023
- 0
Вистинско летно уживање, вчеравечер приредија групата ДНК, на платото ,,Млечен”. Многубројната публика неуморно пееја и играа на хитовите од добро познатите Андреј и Панчо, кои се членови на дуото ДНК. Нивната дваесет годишна кариера, која беше одбележана со голем концерт минатата година, е доказ дека каде и да се појават ДНК, ветуваат одлична забава. Карпошани, на четвртата по ред вечер на Културно лето Карпош – 2023, добро се “размрдаа,”, а како поминуваше времето, атмосферата беше поопуштена и повесела, а Андреј и Панчо дадоа се од себе, овој музички хепенинг долго да се памети.
Денеска, и најмалите карпошани ќе имаат можност да уживаат пред големата бина на Карпошовото лето. Со почеток од 19 часот, ќе започне театарската претстава на студио ,,Бродвеј јуниор” со изведба на мјузиклот ,,Малата сирена”, а веднаш по нив, љубителите на добрите евергрини, ќе имаат чест да го слушнат музичкиот состав ,,Трио Џентлмен”, Дејан Стоев – тенор, Кристијан Антовски – баритон и Јане Дунимаглоски– тенор.