Започнувајќи од 18 март 2026 година, па сé до исцрпување на средствата, Општината Карпош стартува со активноста субвенционирање на кастрација и стерилизација на бездомни мачки и мачори.

За таа цел, Здружението за заштита на животните “АМОС Скопје”, во соработка со ветеринарните амбуланти “Др. Јасминка Ван Дер Флиер ДООЕЛ” и “Пет Виталити ДОО”, ќе вршат бесплатна стерилизација и кастрација на бездомни мачки, а предвидено е оваа акција да опфати околу 250 мачки.

Сите заинтересирани граѓани кои се грижат за бездомните мачки, можат да добијат повеќе информации на Facebook страната на Здружението АМОС на следниот линк:

https://www.facebook.com/share/1CH7g8EDMq/

или можат директно да се обратат во ветеринарните амбуланти:

  • Др. Јасминка Ван Дер Флиер ДООЕЛ – бул. Митрополит Теодосиј Гологанов бр. 149-12 (контакт телефон: 078 372 003)
  • Пет Виталити ДОО – бул. Партизанска 2 бр.8-1 (контакт телефон: 02 5400 040)

 

Напомена: Субвенционирањето се однесува исклучиво на стерилизацијата и кастрацијата, сите други услуги не се предмет на субвенционирање од страна на Општината Карпош