Делегација на Општина Карпош денеска положи цвеќе на споменикот на загинатите партизани  од 12-тата македонска ударна бригада, кој се наоѓа во близина на хидроцентралата „Матка“. Традиционално, на покана на Руската амбасада во Македонија на 9 Мај – Денот на победата над фашизмот  свечено, со пригодни сеќавања и говори се чествуваше денот, кога храбрите борци од НОБ  успеаја да го спречат уривањето на браната од страна на фашистичките окупатори, а со тоа да придонесат за ослободување на Градот Скопје.

                       

На одбележувањето на овој значаен датум во светот воопшто, присуствуваа освен  останати соборци и претставници на боречките организации од Македонија и амбасадорот на Руската Федерација во Скопје, неговата екселенција, Олег Шчербак, кој рече дека ова не била борба против еден  народ, туку, победена е една идеологија-фашизмот.