КАРПОШ СО СОПСТВЕН ПЛАН ЗА КОРИСТЕЊЕ ОБНОВЛИВА ЕНЕРГИЈА
- јуни 28, 2021
- 0
Општина Карпош се здоби со сопствен стратешки документ-Општински план за искористување на обновливите извори на енергија (ОППОЕ)., којшто е прв ваков стратешки план изработен во Република Северна Македонија и којшто треба да се реплицира и во другите општини во државата.
Станува збор за студија во рамки на проектот „Општински план за обновливи извори на енергија: Иновативно искористување на сончевата енергија во Општина Карпош“ која за потребите на Општината го изработи консултантската куќа ЕНВИРОС со своите локални експерти, а е во рамки на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), преку Словачкиот фонд за предизвици и со финансиска поддршка од Министерството за надворешни работи и европски прашања на Република Словачка, на кој работеа и стручни лица од одделението за енергетска ефикасност во Карпош.
Целта на студијата која беше презентирана, е да се истражи соларниот потенцијал на Општината за негова примена во системите за ладење, греење, подготовка на топла вода, како и создавање на мрежа на полначи за електрични возила, електрични тротинети, електрични велосипеди и сл.
Користејќи го словачкото знаење во оваа сфера, општинскиот план промовира иновативни предлози и деловни решенија за употребата на обновливи извори на енергија, кои ќе доведат до безбедно, рентабилно и одржливо снабдување со енергија за локалната заедница.
На претставувањето на овој значаен документ присуствуваше амабасадорот на Република Словачка Хенрик Маркус и претставник од УНДП Македонија. Планот го претставија изработувачите Катерина Манева Митровиќ од ЕНВИРОС , Љупчо Димов (општина Карпош), Светлана Петровска (ЦеПроСАРД), проф. Димитар Димитров (ФЕЕИТ).