Денеска, на 3 ноември 2022, Општина Карпош одбележува 46 години од своето постоење. Традиционално, Општината, својот роденден, датумот на основање од далечната 1976 година, го одбележува преку организирање на повеќе спортски, културни, хуманитарни и еколошки акции, во духот на младоста, на иднината на Карпош. Зашто Карпош веќе не е општина која старее, туку се повеќе се подмладува, расте и се развива.

Но Карпош живее и пулсира секој ден. Секој ден е радост но и предизвик за нашата локална самоуправа која се труди да биде сервис на сите свои граѓани и општината да ја направи што поубаво и попосакувано место за живеење. На тоа работиме секојдневно и така ќе биде и во иднина.
 
Честит роденден Општина Карпош!