КАРПОШ НАЗНАЧИ СЛУЖБЕНИК ЗА МЛАДИ
- април 26, 2021
- 0
Борис Чурлинов, дел од општинската администрација на општина Карпош е назначен за службеник за млади согласно членот 23 од Законот за младинско учество и младински политики.
Станува збор за лице кое е во редовен работен однос, како еден од предусловите да се обезбеди трајност и континуитет на овој процес.
Службеникот за млади е лице кое ќе има континуирана комуникација и соработка со младинските организации и ресорните институции. Младинскиот службеник во координација со општината и младите луѓе, ќе развива и активности поврзани со младите и младинските политики.
Општина Карпош деновиве ќе го објави и јавниот повик за формирање на Иницијативниот одбор за локалниот младински совет, откако претходно беа спроведени статутарните измени.
Заинтересираните лица можат да комуницираат со службеникот за млади преку е – адресата: boris.curlinov@karpos.gov.mk .
Општина Карпош продолжува да биде партнер на младите луѓе и да работи на подобрување на состојбите со млади на локално ниво.