КАРПОШ НА НУТРИКОН 2019: ХРАНАТА КАКО ЛЕК
- јуни 17, 2019
- 0
Општина Карпош, од 12 до 14 јуни 2019, во Охрид учествуваше на меѓународната манифестација НУТРИКОН 2019. На оваа средба на научници, лекари, фармацевти, стоматолози и стопанственици свои научни и стручни трудови презентираа 80 лица од 30 земји од регионот и пошироко. На неа беа презентирани најновите достигнувања од областа на контролата и безбедноста на храната, нутриционизмот и здравството.
Како членки на Европското тело за хигиенски инженерингни дизајн, Општина Карпош преку својот претставник М-р Ирена Калајџиева Милевска активно учествуваше во овој меѓународен настан чија цел е промовирање на новите научни трендови во Европа и усогласување на законските регулативи на земјите учеснички со европската рагулатива.
Особен интерес кај присутните предизвика научниот труд за влијанието на храната врз некои тешки заболувања во дигестивниот тракт и на дебелото црево и лекување со трансплантација на цревна микрофлора, односно микробион, во насока на лечење на тешки малигни заболувања.
Како секоја година, и ова присутните ја искористија оваа средба за меѓусебно запознавање и вмрежување за размена на знаење и идеи. Од претставувањата на учесниците произлезе и Книгата на апстракти која е збирка на сите научни и стручни трудови претставени на конгресот Нутрикон 2019.