КАРПОШ ГИ ДЕЗИНФИЦИРАШЕ ГРАДИНКИТЕ И УЧИЛИШТАТА
- јануари 23, 2017
- 0
Покрај редовнитата есенска ( октомври/ ноември), и пролетна ( март/ април), дезинфекција, дезинсекција и дератизација која секоја година ја спроведува Општина Карпош, во сите десет основни училишта и сите градинки кои се наоѓаат на територијата на локалната самоуправа, се реализираше вонредна дезинфекција.
Раководителот на Одделението за заштита и спасување на граѓани и материјални добра, при Општина Карпош Раде Мицковски истакна дека оваа вонредна дезинфекција се спроведува поради појавата на сезонскиот грип.
– Ние како локална самоуправа, оценивме дека поради превенција од грипот, е потребно да ги дезинфицираме основните училишта и градинките во Карпош. Средствата кои се користат при дезинфекцијата се еколошки, и не претставуваат никаков ризик при здравјето на учениците и вработениот кадар во улилиштата и во детските јавни установи, нагласи раководителот Мицковски.